18:49 - 27 ноември, 2026

(Фото) Гоце Тодоровски прослави 49 години брак, објавени ретки семејни фотографии

Актерот Гоце Тодоровски деновиве прослави убав и значаен јубилеј – 49 години брачен живот со неговата сакана сопруга Тања.

На една од најпопуларните македонски фејсбук-страници, посветени на актерот Ѓорѓи Колозов и познатиот телевизиски проект „Македонски народни приказни“, беа објавени неколку фотографии од Гоце Тодоровски и неговите две деца – ќерката Сашенка и синот Гоце.

„Нашата актерска легенда Гоце Тодоровски деновиве одбележа 49 години брак со својата сопруга. По тој повод, семејството Тодоровски се собра во својот дом и го прослави тој голем ден крунисан со цели 49 години заеднички живот помеѓу Гоце и неговата животна сопатничка. Како плод на љубовта со неговата сопруга изродија две деца, на следниве фотографии ги гледате, ќерката Сашенка Тодоровска и синот Гоце крстен по својот татко Гоце Тодоровски“, пишува во објавата.

Фото: Фејсбук/Ѓорѓи Колозов
Фото: Фејсбук/Ѓорѓи Колозов
Фото: Фејсбук/Ѓорѓи Колозов

 

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.
Се вчитува....