6.8 C
Скопје
20:51 - 12 март, 2026

ФОТО | Го украде вниманието: Васил Гарванлиев се појави со круна од огледала на свеченото отворање на 65-тото издание на Евровизија

Нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев на свеченото отворање на 65-тото издание на Избор на песна за Евровизија се појави во елегантна , но и ексцентрина модна комбинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)


На церемонија која вчеравечер го означи официјалното отворање на фестивалот, Васил на тиркизниот тепих заедно со неговиот тим се појави облечен во црн елек, долг до земја, црни панталони и блуза, а на главата носеше круна која беше направена од повеќе парчиња огледало.

Васил на својот инстаграм – профил сподели и многу фотографии од церемонијата:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)

„Официјално започна. Колку убаво патување досега и конечно ќе имам прилика да запознаам некои од артистите“, стои во објавата на Гарванлиев.

Македонската делегација која го придружуваше Васил беше исто така внимателно стилизирана, а на нивната облека беа прикачени мали парчиња огледала, како на облеката така и на заштитните маски, како препознатлив моден детаљ.

Според официјалниот сајт на настанот, за својата комбинација Васил изјавил: „Огледалото секогаш ја открива вистината, без разлика дали добра или лоша“.

Ви се допадна ли стајлигот на Васил? Пишете ни во коментар!

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....