05:02 - 7 април, 2026

(ФОТО) ГЛОМАЗНА ИЛИ „ТАМАМ“: Новата чанта на Анџелина Џоли која навистина собира сè!

Profimedia

Една стара поговорка вели дека „чантата ја чува главата“. Една голема и практична чанта може да ги собере сите ситници кои ни се потребни во текот на денот што и се неопходни на една жена. Чантата е неизбежен моден додаток без кој речиси ниту една жена не го напушта домот.

Фото: Profimedia

Зависно од вкусот и стилот, некои ќе одберат класични модели, а некои ќе се одлучат за некоја полежерна комбинација како на пример ранец – чанта, но едно е сигурно, без чанта (каква и да е) не одат никаде.

Истото важи и за Анџелина Џоли . Познатата 46-годишна актерка е снимена во Вашингтон со нејзината 16-годишна ќерка Захара.

Фото: Profimedia

Мининалистичката комбинација на облека во црна боја Анџелина ја надополни со голема кожна чанта на италијанската модна куќа „Salvatore Ferragamo“ во боја на песок.

Фото: Profimedia

Во својата обемна колекција на скапи чанти на најценетите модни куќи во светот, актерката има и голем број модели од брендот „Salvatore Ferragamo“ , а овој пат покажа еден со кој досега не сме ја виделе.

Анџелина често носи големи чанти, а ова е дефинитивно една од најголемите на актерката. Со оглед на тоа колку е пространа и во исто време изработена од мека кожа, ова е модел со кој лесно можете да ја преполните со неопходни работи.

За некои некои овој модел изледа многу гломазно, но за жените кои претпочитаат големи чанти – „тамам“.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....