21.8 C
Скопје
13:04 - 29 септември, 2026

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Македонската пејачка Ева Нединковска на почетокот на септември стапи во брак со својот избраник Филип, а сега сподели фотографии од нивниот свадбен ден.

Пејачката објави повеќе моменти од прославата на својот профил на Инстаграм, каде што може да се види дел од атмосферата од свадбата.

Посебно место на прославата имала нејзината ќерка Ена од претходниот брак, која за оваа пригода исто така носела бел фустан и позирала покрај својата мајка.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Ева претходно отворено зборуваше за врската со Филип и за начинот на кој нивните животни патишта се споиле.

„Во периодот кога пуштив сè што ми беше вишок, ме најде тој. Се молевме еден за друг долго пред да се запознаеме…“, изјави пејачката во една пригода.

Пред свадбата, Ева и Филип ја прославија и својата свршувачка. Забавата по тој повод се одржа на 11 април годинава, во друштво на нивните најблиски.

Неколку месеци подоцна двојката ја круниса врската со брак, а Ева сега за првпат покажа повеќе моменти од свадбената прослава.

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо
Се вчитува....