17:01 - 8 ноември, 2026

ФОТО: Елтон Џон е благодарен за сè што има во животот – Се разведе од сопругата, а денес прославува 15 години заедно со сопругот

Легендариот музичар Сер Елтон Џон и Дејвид Фурниш се меѓу првите во Велика Британија кои склопија цивилно партнерство во 2005 година, а се венчаа точно девет години подоцна, на истиот ден – 21 декември.

Важната годишница тие ја одбележаа со ретки фотографии од својата венчавка кои ги објавија на своите профили на Инстаграм.

„Денес Дејвид и јас славиме две годишнини: 15 години цивилно партнерство и шест години брак. Нашата врска секој ден е се посилна и многу сум благодарен на љубовта која ја споделуваме и на нашите два прекрасни сина“, напиша Елтон на социјалната мрежа и нагласи дека тие навистина се меѓу ретките среќници.

„Се уште постојат милиони геј лица во светот кои се дискриминирани поради нивната сексуалност. Тоа е срамно. Сите заслужуваме да сакаме и љубиме по свој избор. Ќе продолжиме да се бориме за еднаквост за сите“, порача музичарот кој и сам долго време се бореше со признавањето на сопствената сексуалност.

Пред да обелодени дека е геј, Елтон помина четири години во брак со жена. Поранешната сопруга Рената Блауел ја запозна во 1983 година во студиото во кое го снимал албумот „Too Low for Zero“, каде таа била мајстор за звук. Се венчаа една година подоцна на Денот на вљубените во Сиднеј, додека заедно беа на промотивната турнеја на албумот. Се разделија во 1988 година кога Џон призна дека тој всушност е геј.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....