4.8 C
Скопје
22:31 - 12 март, 2026

(ФОТО) Елена Стефановска – „Живот со стил“ се подготвува за свадба: Како ќе изгледа водителката како невеста?

Вистинско уживање е да се следи профилот на нашата водителка, инфлуенсерка и продуцентка, Елена Стефановска, позната и како Елена – „Живот со стил“, по името на нејзината емисија.

Елена на својот инстаграм – профил секојдневно споделува интересни фотографии, како од прекрасните дестинации кои ги посетува, така и од моментите поминати со своите пријатели, семејството и нејзиниот партнер.

Стефановска ја започна годината со понуда за брак. Таа и нејзиниот партнер Бојан Најдоски за новогодишните празници отпатуваа во Москва и токму таму Елена го кажа судбоносното „Да”.

На својот инстаграм – прифил Елена се пофали со вереникиот прстен со пет дијаманти во форма на круна.


Набрзо по враќањето од Москва, Елена и Бојан организираа прекрасна прослава на која се славеше нивната голема љубов.

Елена со своите бројни фанови сподели моменти од прославата и радоста со која таа и Бојан ја споделија со своите најсакани.


Иако на почетокот нивната врска се одвиваше далеку од очите на јавноста, Елена повеќе не ја крие љубовта која ја чувствува за својот вереник и постојано ги радува своите фанови со заедничките фотографии.


Водителката им откри на своите следбеници дека наближува свадбената прослава, за која таа со својот партнер се подготвуваат за да биде како што замислиле.

Фото: Принтскрин / Instagram

Преку својот инстаграм – профил Елена побара и совет од своите следбденици околу изборот на венчаница, поточно како тие ја замислуваат на нејзиниот најсреќен ден.

Фото: Принтскрин / Instagram

„Љубопитна сум, Како ме замислувате како невеста“ – напиша Елена на својот инстаграм – профил споделувајќи 5 модели на венчацици за кои нејзините следбеници може да гласаат за моделот кој сметаат дека најубаво ќе и прилега.

Фото: Принтскрин / Instagram

Водителката откри и дека за време на подготовките на свадбената прослава од помош и бил посебен свадбен планер во кој ги забележувала сите детали и планови за најсреќниот ден.

Фото: Принтскрин / Instagram

По предлозите на нејзините следбеници Елена откри дека ќе носи две венчаници како што вели во „нејзин стил“.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....