18.8 C
Скопје
20:27 - 27 септември, 2026

(Фото) Бресквица во Охрид – спортски стајлинг со луксузни детали од неколку илјади евра

Српската пејачка Анѓела Игњатовиќ, позната како Бресквица, велигденскиот викенд го помина во Македонија, уживајќи во убавините на Охрид.

Младата ѕвезда на социјалните мрежи на Инстаграм сподели серија фотографии од својата посета, на кои може да се види како плови со глисер по Охридското Езеро, но и како го посетува манастирскиот комплекс Свети Наум.

Иако е препознатлива по гламурозни изданија, овој пат Бресквица избра опуштен, спортски стајлинг – топ во комбинација со тренерка. Сепак, едноставниот изглед го надополни со внимателно одбрани луксузни детали. Таа носеше очила од модната куќа Yves Saint Laurent, чија цена на официјалните страници достигнува околу 520 евра.

Посебно внимание привлекоа и обетките од престижниот бренд Van Cleef & Arpels, од познатата колекција „Vintage Alhambra“, чија вредност се движи меѓу 4.000 и 5.000 евра.

Фотографиите предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи – следбениците ја пофалија нејзината убавина и стил, а дел од нив ѝ предложија да посети локални угостителски места и да се дружи со публиката во Охрид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BRESKVICA 🐆 (@brrrreskvica)

Слични објави

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо
Се вчитува....