02:17 - 2 април, 2026

(ФОТО) БАНКРОТИРАШЕ КУМОТ НА МАЛЕНКО: Сопругата на македонскиот Казанова е мајка на четири деца

Сопругата на на македонскиот Казанова, Метка Спаравец, е мајка на 4 деца. Спаравец – Маленко, која го додаде презимето на својот сопруг моментално работи како инструктор по пливање и терапевт за масажа во Марибор.

По бракот со водителката Сузана Турунџиева, Русинката Татјана Михалова Фјодорова, актерката Јелена Жугиќ и охриѓанката Фани, македонската пливачка легенда Александар Маленко пред два дена објави дека повторно запливал во брачните води.

Метка има 42 години и е родена во Марибор. Во 1999 година беше прогласена за спортистка на годината во својата родна земја – Словенија.

Фото: Принтскрин/Instagram

Очигледно брачните партнери се познаваат уште од Летните олимписки игри во Атланта каде што и двајцата се натпреваруваа, откако Маленко на објавата на својот инстаграм – профил напиша дека по 26 години кажале „ДА“.

На својот инстаграм – профил Метка има наведено дека е претприемач, а притоа и дека студирала на економскиот факултет за Бизнис и Економија во Марибор.

(ФОТО) МАЛЕНКО СЕ ОЖЕНИ ПО ПЕТТИ ПАТ: Дали македонскиот Казанова овој пат ја пронајде својата сродна душа?


Ова е петти брак за Александар, а тоа беше доволна причина „твитерџиите“ да се инспирираат и секако да му честитаат на оригинален начин.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....