Во нејзина чест на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Кралицата“, кој е снимен во 2006. година и во него Мирен ја толкува улогата на Кралицата Елизабета II.
На филмскиот фестивал во Берлин, Берлиенале 2020, британската актерка Хелен Мирен ќе биде наградена со „Златна мечка“ за животно дело.
Мирен за прв пат играла на филм во 1966. година кога имала 21. година. Оттогаш одиграла значајни и многубројни улоги на филм. Хелен Мирен остварила богата телевизиска и филмска кариера. За своите улоги, таа добила повеќе престижни награди: Во 2007. година ја добила наградата „Оскар“ за главна женска улога во филмот „Кралицата” (The Queen), за оваа награда била номинирана и во 2010. година, за улогата во филмот „Последната станица” (The Last Station). Покрај тоа, двапати била номинирана за наградата „Оскар” во категоријата ‘споредна женска улога’, и тоа: во 1995 година, за улогата во филмот „Лудилото на кралот Џорџ” (The Madness of King George) и во 2002 година, за улогата во филмот „Паркот Госфорд” (Gosford Park).
Хелен Мирен е добитничка на четири награди „БАФТА (BAFTA)”: во 1992, 1993 и 1994 година ја добила телевизиската награда на БАФТА за најдобра актерка, за улогата во „Главниот осомничен” (Prime Suspect), „Главниот осомничен 2” (Prime Suspect 2) и „Главниот осомничен 3” (Prime Suspect 3), додека во 2007. година ја добила филмската награда на БАФТА за најдобра актерка, за улогата во филмот „Кралицата“.