Актерот Кристофер Еткинс се прослави со улогата во филмот „Плава лагуна“ 1980 година, кога имал само 19 години и веднаш ја заработил титулата на секс симбол.
Денес, 40 години подоцна во 59-та година и понатака добро се држи и прилично е активен на Инстаграм.
„Целата моја кариера се сведува на покажување на телото, сега само чекам да ми платат да ја задржам облеката на себе“, рекол тој.
„Кариерата ја започнал со многу малку облека на себе глумејќи во денес култниот филм „Плава Лагуна“, каде со својата партнерка Брук Шилдс играл момче кое израснало на пуст остров, а во едно интервју открил дека и самиот бил изненаден од огромното внимание на обожавателките.
„Ме влечеа за коса, ми ја кинеа облеката, беше тоа нешто што не можев да го замислам дека може да ми се случи во животот“, раскажал тој во една прилика.
После „Плава Лагуна“ се појавил во уште неколку филмови и серии, но последните години главно живее подалеку од очите на јавноста.