3.8 C
Скопје
01:44 - 21 декември, 2024

Што сè треба да направат актерите за улога во филм?

Кои од овие услови никогаш не би ги прифатиле, па макар да станува збор за Оскар и милиони?
Мислите дека е лесно да се биде актер? Особено актер од А-листата, кој за една улога добива милион долари? Кога ќе ја прочитате оваа листа, можеби ќе откриете дека сте се лажеле.
Многу актери морале да поминат интензивен психички и физички тренинг и да пребродат разни препреки за да добијат улога. Тука не мислиме на голотија или романтични момeнти со личност која ни малку не ги привлекува. Во прашање е потполно менување на своето тело.

Ова се најневеројатни примери:

1.Кристијан Бејл морал да се здебели 22 килограми за улогата во филмот „Американска измама“. Тој исто така морал да изгуби 32 кг за улогата Тревор Резник во „Машинисти“. Неговата диета се состоела од јаболка, кафе и цигари.

кристијан Бејл
Imdb

2. Не, не е шминка во прашање. Натали Портман навистина ја избричила главата за филмот „V for Vendetta“. Исто така, седум месеци тренирала секој ден за да се подготви за улогата на балерина во „Black Swan“.

натали портман
Imdb

3.Тимоти Шаламе научил течно да говори италијански за да може на веродостоен начин да го претстави Ели, во филмот „Call Me by Your Name“. Не само неговиот текст. Цел јазик!

4. Данаи Гурира, која ја игра Мишон во серијата „The Walking Dead“ одела на интензивни тренинзи за да научи професионално да мечува.

Imdb

5. Адриан Броди добил Оскар за најдобра машка улога во филмот „The Pianist“. А за да се подготви за улогата, два месеци живеел на минимум – оној минимум кој неговиот лик, Евреин кој се крие во сред Холокаустот, ја преживува Втората светска војна.

Imdb

6. Уште еден оскаровец, Хоакин Финикс ослабел 26 кг за улогата на Џокер во истоимениот филм. Како што открива, оваа диета го излудила…

7. Хали Бери играше проститутка и наркоманка во филмот „Jungle Fever“ во 1991 година, а за што повеќе да се поистовети со Вивијан, ликот што го толкуваше, не се туширала цели две недели.

8. Биографскиот филм „I, Tonya“ зборува за лизгачката Тоња Хардинг. Марго Роби секако научила уметничко лизгање за главната улога.

Imdb

9. Роберт Петисон живеел во станот сосема сам, баш како што правел и неговиот лик во филмот „Good Times“. Не менувал дури ни чаршафи и цело време му биле спуштени завесите на прозорците.

10.Џејми Фокс посветено сакал што подобро да го претстави Реј Чарлс во филмот „Ray“, што носел вештачки трепки за да симулира слепило.

11. Роберт Де Ниро работел смена од 12 часа како таксист цел месец за да се подготви за работата во легендарното остварување „Taxi Driver“.

12. Шарлиз Терон за улогата на серискиот убиец Ајлин Вурбос во „Monster“, ги избричила веѓите, се здебелила 15 килограни и ја скратила косата!

Imdb

13. Баш како и нејзиниот вереник Хоакин Финикс, Руни Мара направила драстична промена заради улогата во „Girl with the Dragon Tattoo“ – ставила пирс на веѓата, на носот, на усните, на ушите.

14. Шаја Ла Баф се пријавил во националната гарда за да стекне што повеќе знаење и искуства за ангажманот во филмот „Fury“.

15. Николас Кејџ дозволил од устата да му извадат четири здрави заби за подобро да се подготви за филмот „Birdy”.

16. Хилари Свонк ги врзала градите и така го одиграла ликот на Брендон во филмот „Boys Don’t Cry“.

imdb

17. Џејми Дорнан при излегување од метро турнал една жена. Ја следел и се криел што подолго можел. Баш како што неговиот лик, серискиот убиец Пол Спектор прави во серијата „The Fall“.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....