21.8 C
Скопје
17:41 - 5 април, 2026

Погребан Кирк Даглас: Синот Мајкл и Кетрин Зета Џонс го испратија легендарниот актер на вечен починок (ФОТО)

Познатиот американски актер Кирк Даглас вчера беше погребан во Лос Анџелес, два дена откако почина на 104-годишна возраст.

Според „Фокс њуз“, Даглас во неговиот вечен дом, на гробиштата Вествуд, го испратиле членови на семејството, меѓу кои и синот, славниот холивудски актер Мајкл Даглас (75).

На погребот присуствувале и другите двајца синови на Кирк, Питар и Џоел.

Фото: Профимедиа

На погребот можеше да се забележи и неговата сопруга Ен Бајденс која има сто години, а заедно во брак минале 65 години.

Покрај Мајкл Даглас, на погребот присуствувала и неговата сопруга, исто така познатата американска актерка, Кетрин Зета Џонс.

Фото: Профимедиа

Кирк Даглас е роден на 9 декември 1916 година, како Ишур Даниеловиќ во градот Амстердам во сојузната држава Њујорк, во сиромашно семејство на еврејски имигранти кои потекнувале од место во денешна Белорусија.

Пред да се приклучи на американската морнарица во 1941 година, името Изи Демски, кое го користел дотогаш, официјално го променил во Кирк Даглас.

Фото: Профимедиа

Од почетокот на актерската кариера во 1946 година, легендарниот Кирк оствари повеќе од 90 филмски улоги.

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....