01:55 - 11 ноември, 2026

Емина Јаховиќ со емотивна исповед: Не ни знаев дека сум бремена, нешто не беше во ред со бебето

Пејачката Емина Јаховиќ (38) беше гостин во една емисија каде откри болни моменти својот приватен живот. Емина со јавноста сподели шокантни информации дека во една прилика изгубила бебе.

Instagram
Instagram

Пејачката откако некој период била во Белград, не знаејќи дека е бремена, кога се вратила во Истанбул доживеала спонтан абортус.

„Завршував некои обврски во Белград и не ни знаев дека сум бремена. Открив дури кога се вратив во Инстанбул. Нешто не беше во ред со фетусот и го изгубив бебето. Доколку се случи, би сакала да имам уште едно дете и би сакала да биде девојче“, изјави Емина во емисијата „Balkanskom ulicom“.

Instagram
Instagram

Јаховиќ за прв пат прозборе за разводот со турскиот пејач Мустафа Сандал, раскажувајќи како реагирало нејзиното семејство на тоа.

„Мајка ми и сестра ми беа особено против. Мајка ми навистина го сакаше Мустафа и добро се согласуваа. Во некои моменти ми се чинеше дека го сака повеќе од мене“, рече Емина.

Instagram
Емина со поренешниот сопруг Мустафа и децата / Instagram

Пејачката од бракот со Мустафа Сандал има два сина Јаман (12) и Јавуза (8). Тие многу слабо зборувале српски јазик, а Емина истакна дека навистина ѝ недостасува да разгова со своите синови на нејзиниот мајчин јазик.

Instagram
Емина со синовите / Instagram

„Постариот син Јаман разбира и зборува српски, но многу слабо. Многу е смешен кога ќе почне да го зборува српски затоа што многу зборови ги изговара погрешно. Од друга страна, помладиот син Јавуз одбива да учи српски јазик и јас комуницирам со него исклучиво на турски јазик“, изјави пејачката.

Instagram
Instagram

„Ми недостасува да разговарам со децата на течен српски јазик. Јас ги карам на српски, па затоа понекогаш кажувам и нешто што не треба. Тие секогаш го разбираат тоа“, низ смеа изјави Емина, додавајќи дека често e осамена во Истанбул.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....