01:41 - 8 ноември, 2026

Единствено тие не му го завртеа грбот: Џони Деп по сите скандали и судења се уште може да смета на овој славен бренд

Актерот Џони Деп по поразот на судот против британскиот таблоид „The Sun“ започна да ја губи поддршката од компаниите со кои соработува, но еден бренд сепак не го напушти…

„Dior“ се одлучи да го задржи Џони Деп како заштитно лице за својата колонска вода „Sauvage“. Актерот мораше да ја напушти франшизата со волшебниците бидејќи „Warner Bros“ го замолија да ја прекине соработката со нив.

„Dior“ нормално ја емитуваше својата промотивна порака во која Џони Деп свири гитара на британските мали екрани. Рекламата се емитуваше и во текот на емисијата „The Great British Bake Off“.

Фото: EPA/ALEXANDRA WEY

Модниот гигант на тој начин застана на страна на Деп, без оглед на неговиот пораз во британскиот суд кој смета дека магазинот „The Sun“ не го обвинил актерот кога го нарекол насилник, поради физичките напади на Амбер Хард додека тие се уште беа во брак.

Експертите за однос со јавноста сметаат дека „Dior“ требало да ја прекине соработката со Џони Деп, но не разбираат зошто не сториле така. Изгледа дека компанијата се обидува да ја искористи ситуацијата за сопствена промоција.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....