11:35 - 26 јуни, 2026

„Драги тато, те сакам, ми недостасуваш…“ Ова е писмото што Николија му го испрати на татко ѝ, со трогателни зборови откри каков бил нивниот однос

Пејачката Николија Јовановиќ се потсети на емотивен момент од детството и на Инстаграм го покажа писмото што му го испратила на татко ѝ додека била во Париз.

„Драги тато, овде ми е супер, зборувам француски – го усовршувам. Многу те сакам и ми недостасуваш, едвај чекам да те видам, но не и да дојдам! Твојата ќерка Николина на која ѝ недостасуваш“, напишала пејачката, а разгледницата била адресирана на Србија.

Поранешниот сопруг на Весна Змијанац и татко на Николија, доктор по економски науки, Влада Јовановиќ, не се појавува во јавноста.

Со првиот сопруг, Весна Змијанац во 1989 година ја доби ќерката Николија.

Весна никогаш не криела кој е татко на нејзината ќерка, но поголемиот дел од јавноста не знае за кого станува збор. Станува збор за Влада Јовановиќ, кој своевремено работел како шеф на маркетинг во РТС.

По разводот со Весна, Влада повторно се оженил и во вториот брак добил уште две деца – ќерката Теодора и синот Лука.

„Татко ми е ‘алергичен’ на сè што има врска со шоу-бизнисот, уште од времето кога беше со мама. Како доктор на науки, никогаш не би ми препорачал да се занимавам со пеење“, изјави еднаш Николија за еден магазин.

Слични објави

(Видео) „Зошто полугола на тие години?“: Згодната Јелена Розга запеа во провокативно издание, јавноста ја искритикува

Еспресо

(Фото) Најубавото лето досега — Тони Зен и Валентина уживаат во Грција со двете деца

Еспресо

Харис Џиновиќ за ќерката Ѓина: „Сака да се омажи, да има деца и свое семејство“

Еспресо

Хороскоп за 26 јуни: Водолиите ќе бидат инспирирани на работа, Рибите ќе имаат романтична вечер

apostolova

Емина Јаховиќ проговори за естетските процедури – горко се покајала за оваа одлука

Еспресо

(Фото) Прва заедничка слика на Сара Јо и синот на Бјелогрлиќ – новопечениот пар не се одвојува

Еспресо
Се вчитува....