00:46 - 8 ноември, 2026

Драгана Мирковиќ слави 56 роденден: Синот и ќерката ѝ упатија емотивна честитка

Српската пејачка Драгана Мирковиќ денеска го слави својот 56. роденден.

Многу обожаватели преку социјалните мрежи ѝ испратија роденденски желби на регионалната музичка ѕвезда.

На Инстаграм се појавија бројни видеа и фотографии со кои соработници, пријатели, колеги, но и членови на семејството ѝ го честитаа роденденот на Драгана Мирковиќ.

Меѓу првите се огласи Мира Шкориќ, која ја сподели сликата со својата колешка.

„Среќен роденден, нека ти се исполнат сите желби“, посака Мира со заедничка фотографија.

Честитки упати и Дејан Милиќевиќ, заедно со фотографија од пејачката.

Фото: Скриншот

Слики објавија и нејзините деца Марко и Мануела.

„Среќен роденден на најдобрата мајка на светот“, напиша синот на прославената пејачка, а таа му одговори: „Ти благодарам најдобар сине на светот“.

Фото: Скриншот

А ќерката Мануела ѝ го честиташе роденденот со фотографија од луксузната вила, каде заедно со мајка си се насмеани во исти комбинации.

Фото: Скриншот

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....