9.8 C
Скопје
14:43 - 31 март, 2026

(ФОТО) БЕСПРЕКОРНА ЕЛЕГАНЦИЈА: Нашата прва дама, Елизабета Ѓоргиевска совршено стилизирана во Дубаи

Нашата прва дама, Елизабета Ѓоргиевска повторно совршено стилизирана го привлече нашето внимание. Госпоѓа Ѓоргиевска моментално престојува во Дубаи по повод Павилјонот за жени ЕКСПО 2020, во чии рамки ќе се обрати на панел дискусијата „Визии и патувања“.

Нашата прва дама оствари средба со министерот за вештачка интелигенција на Обединетите Арапски Емирати, Омар Султан Ал Олама разговарајќи за најновите проекти од областа на вештачката интелигенција и нејзината важност за иднината.

Со гордост можеме да кажеме дека ја имаме најубаво облечената прва дама во светот. Госпоѓа Ѓоргиевска и за оваа средба беше совршено стилизирана. Овој пат нашата прва дама се одлучи за елегантен црвен костим, со минималистички крој кој го красеа само неколку црвени копчиња во делот на закопчувањето. Изгледот г-ѓа Елизабета го заокружи со класични црни салонки, а секако неизбежна беше и заштитната маска која беше во иста боја со прекрасниот костим.


Црвената боја, повеќепати била избор на нашата прва дама при поважни настани поврзани со работните активности, а притоа воодушевува каде и да се појави.

(ФОТО) ЕЛЕГАНЦИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ: Нашата прва дама воодушеви со модниот избор

 

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....