22:48 - 6 ноември, 2026

Дојде, виде и победи: Биба Додева ги собра наградите на „Охридски трубадури“

Дваесет и шестото издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури” заврши вчеравечер, со секогаш атрактивната интернационална вечер.

Интересно е тоа што фестивалот можеа да го следат и гледачите од Америка, Австралија и Канада. Во официјалната програма се натпреваруваа 22 песни кои беа интерпретирани од познати пејачи од регионот и од Европа, како и македонските интерпретатори кои освоија награди на претходната поп вечер на фестивалот.

Со автобиографската балада „Како некогаш”, Биба Додева победи и на финалната интернационална вечер на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури”.

Наградени на годинешното издание на  Охрид фест – Охридски трубадури меѓу останатите беа:

  1. Денис Димоски: Јас без тебе се будам (Втора награда од стручното жири) 3. Рени – (награда за сценски настап) 5. Група Уникат: Живеам без тебе (Награда за најдобар дебитант) 6. Симеон Коруноски: Дел од мене (Награда за најдобар аранжман – Иле Спасев) 8. Дамјан Димевски : Нема никоја да те замени (Трета награда од стручното жири) 10. Филип Јордноски: (Специјална награда Аце Ангелески) 12. Пепа Димовска (Специјална награда Долни Сарај) 14. Јасмин Лопез: Некој рече збогум (Награда од Балканика 60 вртења) 16. Александар Митевски и Драган Спасов Дац:Цреши Охридски (Прва награда од стручното жири ) 18. Огнен Здравковски: Разбуди ме (Награда за најслушана песна помеѓу двата фестивали) 20. Биба Додева: Како Некогаш (Прва награда од публика).

Фестивалот традиционално заврши со забава на која беа доделени наградите од стручното жири, по што следуваше музички настап на дел од наградените.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....