Дневен хороскоп за 9 октомври: Јарците ги очекува возбудлива авантура

Овен
Ве очекува возбудлив ден, но само ако сте решени да го направите таков. Ќе имате пријатни моменти со партнерот, а и двајцата ќе бидете мотивирани. Она на што може сериозно да сметате е несебичната поддршка од пријателите.

Бик
Ако имате некои неостварени деловни цели, почнете веднаш со нивна реализација, само внимавајте да не преземете премногу обврски. Исто така и соработниците и колегите се тука за вас, искоритете ја нивната несебична помош и побрзо ќе успеете да ги остварите зацртаните цели.

Близнаци
Во првиот дел од денот потрудете се да се насочите кон некои проекти и работни задачи за кои сте сигурни дека ќе вродат со плод и ќе ви донесат профит. Ќе уживате во забавните активности со саканата личност

Рак
Ќе можете да го забрзате развојот на долгорочните проекти, под услов во изминатиот период да сте ги решиле заостанатите обврски. Ќе ви се даде можност за нова соработка. Можни се помали несогласувања во врската, но ќе успеете да најдете компромис со партнерот.

Лав
Ако се занимавате со приватен бизнис, ќе имате одлична добивка. За слободните, обидот да почнете емотивна врска со личноста што ви се допаѓа нема да биде успешен. Ќе бидете во одлична форма.

Девица
Ќе ви се даде можност да склопите договор со странски партнер, а тоа ќе ви донесе значајна добивка во трговијата. Ќе имате корист од бизнис-патувањата. Засилените страсти и љубомората ќе внесат доста немири во вашата врска.

Вага
Невработените Ваги ќе бидат снаодливи во пронаоѓањето работа и ќе имаат успех. Неопходен ви е компромис за да ги решите несогласувањата со партнерот. Избегнувајте благо.

Скорпија
Со соработниците одлично ќе се разбирате и ќе бидете на иста бранова должина. Во втората половина од денот ќе успеете да го подобрите односот со саканата личност. Повеќе енергија ќе вложите во работата на заеднички цели, а тоа ќе ве зближи.

Стрелец
Ќе имате корисни увиди во многу работи што претходно не сте ги согледале јасно и ќе забележите каде сте направиле пропусти, така што ќе имате доволно време да ги поправите. Тоа ќе ви донесе стабилна финансиска состојба.

Јарец
Денеска ќе откриете колку работи можете да истражувате заедно со партнерот и во што можете заедно да уживате. Вашиот партнер ќе биде поотворен на разговори на разни теми, а тоа ќе ви одговара. Слободните Јарци ги очекува возбудлива авантура.

Водолија
Ве очекува голем успех во бизнис-преговорите, во кои ќе имате неочекувана помош од еден соработник кој ќе ја обнови соработката со вас. Втората половина на денот ќе ја искористите за поголема физичка активност. Зајакнете го имунитетот и подобрете ја физичка кондиција.

Риби
Ќе склучите договор што ќе ви донесе долгорочна и стабилна корист. За да избегнете подоцнежни пречки и проблеми, внимателно проучете го целиот договор. Овој ден ќе ви донесе повеќе разговори со саканата личност во врска со сериозните теми што ќе ве насочат на решавање на сето она што е приоритетно и на долг рок важно за вашата врска да биде стабилна.

Слични објави

БРЕД ПИТ се повлекува од глумата и започнува НОВ БИЗНИС!

Igor

Вистината за кралот на рокенролот го шокираше светот: Сите го сакаа Елвис Присли, но тој не се поднесувал себе!

Еспресо

Манекенката непрепознатлива: Што се случило со најсексапилната жена во светот? (ФОТО)

Еспресо

Ирина Шајк откри нови детали за нејзиниот живот: Ја отворив вратата и тројца мажи со маски ми вперија пиштол во главата…

Еспресо

Лејди Гага ја објави рендгенската снимка по стравичниот пад (ФОТО)

Igor

Рецепт за највкусниот џем од кајсии

Igor

Остави Коментар

оне × четири =

Слични објави

Познатите личности и нивните ритуали за пред спиење!

Еспресо

Модните експерти велат дека се вистински хит на сезоната: Враќање на сандалите од деведесеттите! (ФОТО)

Igor

Ќе ви го скрши срцето: Погледнете што рече Ванеса Брајант на комеморацијата за Коби и Џиана! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Па, дали е ова можно? Нема да си верувате на ушите и очите! Слушнете каква песна и спот ни доаѓаат од Струмица (ВИДЕО)

Igor

Авалон го прекина договорот со Дупер – ПРИЧИНАТА ќе ве изненади

Igor

КЛОИ, СИТЕ ТЕ ПАМЕТИМЕ: Зошто таа ги негира очигледните пластични операции?

Igor