17:37 - 16 април, 2026

Дневен хороскоп за 8 април 2019, понеделник

ОВЕН

РАБОТА: Креативната работа ќе оди без проблеми. Лесно ќе ги прифаќате промените на работното место.

ЉУБОВ: Една личност ве збунува. Не можете лесно да дефинирате што чувствувате и каков е вашиот став спрема тој однос.

ЗДРАВЈЕ: Чувајте се од настинки.

БИК

РАБОТА: Незадоволните ќе решат да ја променат ситуацијата. Оние кои се задоволни на работа ќе фантазираат за уште подобро.

ЉУБОВ: Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, нема да биде доволно добро, но важно е да не го губите трпението.

ЗДРАВЈЕ: Нестабилна емотивна состојба.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: Сигурни сте во она што го правите и настојувате да ги завршите нештата до крај, иако тоа може да биде доста напорно.

ЉУБОВ: Денеска ќе бидете почувствителни од обично. Обрнете ѝ внимание на личноста која ја сакате, бидејќи веќе почнува да се оддалечува од вас.

ЗДРАВЈЕ: Потребен ви е одмор.

РАК

РАБОТА: Лесно ќе излегувате на крај со луѓето. Ќе им бидете пример на помладите колеги, а постарите со задоволство ќе соработуваат со вас.

ЉУБОВ: Очекувајте ден полн со дружење кој може да го поминете со кого сакате и како сакате.

ЗДРАВЈЕ: Спијте поквалитетно.

ЛАВ

РАБОТА: Работата во која треба да внесете креативност одлично ви оди.

ЉУБОВ: Денеска размислувате и пресметувате, но добро измерете како да постапите во однос на неколку личности, за потоа да не се каете.

ЗДРАВЈЕ: Забавете го темпото.

ДЕВИЦА

РАБОТА: На некои преговори ќе им дојде крајот. Нема да го имате крајниот збор, но нема да излезе лошо.

ЉУБОВ: Играте на картата на шарм и заводливост, но имате и стил и самодоверба да го „истерате“ тоа до крај.

ЗДРАВЈЕ: Мирно ќе спиете.

ВАГА

РАБОТА: Имате поголемо влијание на работното место отколку што мислите. Не сте свесни на колку луѓе сте им пример.

ЉУБОВ: Продолжете со својата сензуално-заводлива фаза. Никој не може да ви одолее.

ЗДРАВЈЕ: Болки во стомакот.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Имате сојузници на работното место за кои не сте ни биле свесни досега.

ЉУБОВ: Ќе потрошите многу пари за да импресионирате некого, но нема да постигнете значаен резултат.

ЗДРАВЈЕ: Константен замор.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Ќе попуштите, но тоа ќе го направите за да преземете поголема контрола.

ЉУБОВ: Ќе се согласите на сè што од вас ќе побара саканата личност. Иако тоа не е типично за вас, ваквата постапка е навистина слатка.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на зглобовите.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Ќе имате мал трошок, но тоа ќе ви ги подобри работните услови.

ЉУБОВ: Опуштени сте и страсни. Другата страна тоа одлично го прифаќа.

ЗДРАВЈЕ: Медитирајте.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Некои идеи нема да бидат веднаш прифатени. Прилагодете ги на реалните услови.

ЉУБОВ: Ќе бегате во својот свет на фантазии, кој е ваш издувен вентил кога нештата не се подредени онака како што сакате.

ЗДРАВЈЕ: Помирете се со реалноста.

РИБИ

РАБОТА: Не сакате ограничувања. Вие сте посебна личност во секој поглед.

ЉУБОВ: Внесете повеќе фантазија и слатки зборови во комуникацијата меѓу вас и саканата личност.

ЗДРАВЈЕ: Бидете природни.

Слични објави

Црногорскиот пејач Даниел Алибабиќ проговори за траумата кога еден гостин му го одгризал увото на настап

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во Париз се прошета со Шанел штикли кои се моден хит на сезоната

Еспресо

(Видео) Лејла Рамковска: Би се снимала како вежбам јога со татко ми

msp-admin

Видео кое расплакува: Дамјан Стојаноски емотивно за татко му Војо

msp-admin

(Фото) Ѕирнете во кујната на Зорица Брунцлик: Во чист луксуз се подготвуваат разни деликатеси

Еспресо

Дорис Драговиќ денеска полни 65 години – исполнети со музика, страст и безвременски хитови

apostolova
Се вчитува....