1.8 C
Скопје
09:35 - 19 февруари, 2026

Џони Деп се враќа на сетот по судењето со Амбер Херд: на снимање е на следниот филм, а режисерката е убавица!

По судењето со Амбер Херд, актерот се враќа на филмскиот сет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Popcorns (@popcornsapp)

По победата на судењето во кое се судеше со поранешната сопруга Амбер Херд, работите за Џони Деп постепено се враќаат во нормала.

Неговиот последен филм „Минамата“ (по долгата забрана да биде прикажуван поради контроверзиите во последните години со екс- сопругата) конечно ќе „слета“ на Хулу во јули.

Сега пак, според веста што објави Синемабленд, актерот, продуцент и музичар, е забележан во Франција на снимањето на неговиот следен филм со наслов „Jeanne du Barry“, во режија на француската актерка и режисерка Мајвен. Во филмот Деп ја игра улогата на кралот Луј XV. Сценариото е преземено од вистинска приказна која го раскажува животот на Жана Беку (ја игра самата Мајвен), вонбрачна ќерка на сиромашна шивачка, која успева да стигне до францускиот двор.

Филмот „Jeanne du Barry“ моментално нема објавен датум на издавање, бидејќи сè уште е во развој; Она што е сепак сигурно е дека по неколку отпуштања по клеветата на Амбер Херд, кариерата на актерот од Пиратите од Карибите конечно се враќа во нормала. И уште нешто – режисерката е вистинска убавица, па кој знае каде би можела да „заврши“ приказната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Numéro (@numeromagazine)

Слични објави

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.
Се вчитува....