6.8 C
Скопје
05:17 - 31 март, 2026

Џоли пијана ѝ се јавила на Анистон да ѝ каже дека Бред Пит ја изневерува

Повеќе од една седмица светот зборува за средбата на Џенифер Анистон и Бред Пит која се случи на 26-то доделување на SAG наградите, а сега кружат информации дека парот наводно уште пред тој настан се смирил, но дека сето тоа го кријат од јавноста.

Освен што странските медиуми се распишуваа за Бред и Џенифер, во фокусот повторно е и поранешната сопруга на Бред, Анџелина Џоли за која тврдат дека пијана ѝ се јавила на Џенифер и дека наводно ја предупредила на однесувањето на нејзиниот поранешен сопруг.

Како што пишуваат од магазинот „NW“, Анџелина под дејство на алкохол ѝ се јавила на Џенифер и ѝ оставила ниту малку пријатна порака на телефонската секретарка:

„Ѝ кажала дека Бред ја изневерува и дека тој никогаш нема да се промени“ – раскажал извор за споменатиот магазин па додал:

„Џенифер не ѝ поверува ниту за момент. Ова не е нивниот прв конфликт и единствено за што Џенифер моментално размислува е колку е жално тоа што децата на Анџелина мора да ја гледаат својата мајка во такво издание“ – заклучил изворот на крај.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....