18:49 - 7 ноември, 2026

Детето на Илон Маск веќе не се вика X Æ A-12! Обидете се да го прочитате новото име

Кога Илон Маск и неговата девојка Грајмс детето го нарекоа X Æ A-12, јавноста беше запрепастена. Поради калифорниските закони, тие сега одлучија да му го сменат името на детето, но сите кои мислеа дека бебето ќе добие име кое ќе биде посфатливо и полесно за изговарање, се измамија.

Детето отсега ќе се вика X Æ A-Xii, пишува Гардијан.

Во Калифорнија во имињата можат да се користат само букви од англиската абецеда, не и броеви, па затоа бројот 12 морале да го заменат со римски еквивалент.

„Римските броеви изгледаат подобро, да бидам искрена“, напиша Грајмс на социјалните мрежи.

Корисниците на социјалните мрежи со денови се обидуваа да откријат што значи името на детето, а сите недоумици преку Твитер ги реши девојката на Илон Маск.

„Х е непозната варијабпла, а Æ виленски знак за Ai (вештачка интелигенција). А-12 е ознака на нашиот омилен авион СР-17, без оружје, без одбрана, само брзина, одличен во битките, но ненасилен. И за крај А како Архангел, мојата омилена песна“, објаснила Грајмс.

Twitter

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....