18:15 - 7 ноември, 2026

Даниел Кајмакоски се збогуваше со членовите на „ДНК“: „Не памтам олку тежок и црн ден“

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски се прости од загинатите во трагедијата во Кочани, споделувајќи ја својата тага и неверување во потресна објава.

„Не памтам волку тежок и црн ден. Душата ме боли за сите загинати во пожарот во Кочани. Не знам како родителите и семејствата се справуваат со оваа ужасна загуба и болка, се молам Бог да им даде сила.“

Кајмакоски посебно се прости со Андреј Ѓорѓиески, еден од членовите на ДНК, кој загина во обид да спаси животи.

„Андреј, многу ми е тешко да се збогувам со тебе. Душа голема, секогаш спремен да помогне. Се вратил да спаси деца од дискотеката… Ќе ни фалиш безмерно.“

Во објавата тој ги спомена и Сара Пројковска, Ѓорги Ѓоргиев, Филип Стевановски и Александар Коларов, кои исто така ги загубија животите во трагедијата.

„Изгубивме прекрасни луѓе и колеги.“ – напиша пејачот, изразувајќи сочувство и молитви за сите настрадани и нивните семејства.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....