9.8 C
Скопје
12:57 - 31 март, 2026

Дали филмот „Malcom & Marie“ ќе им обезбеди Оскари на Зендаја и Џон Дејвид Вашингтон?

Instagram

Црно-белиот филм снимен за време на ковид-19 е фузија на талентите на Џон Дејвид Вашингтон и Зендаја, а многумина предвидуваат дека токму тоа може да биде победнички рецепт за успех во трката за Оскарите, пишува „Variety“.

Напишан и режиран од Сем Левинсон, филмот ја раскажува приказната за Малком, режисер и неговата девојка Мари, кои една вечер по премиерата на неговиот најнов филм, ја преиспитуваат нивната врска додека ги чекаат коментарите на критичарите.

Многумина велат дека ова е најдоброто дело на Вашингтон кое го надминува успехот на „BacKkKlansman“ на Спајк Ли.

Зацврстувајќи го своето место во иднината на холивудската индустрија, ова може да биде филмот кој ќе му го донесе престижното признание.

А Зендаја е една од најголемите светски ѕвезди во моментот, која полека и ненаметливо го прикажува својот актерски. Од „Spider-Man: Homecoming“ до хит-серијата на „HBO“ насловена „Euphoria“ благодарение на која стана втората афроамериканка што ја освои наградата за најдобра актерка во драмска серија во 2019 година.

Instagram
Instagram

Па нејзините обожаватели се прашуваат, дали со нејзината улога во „Malcolm & Marie“ може да влезе во трката за најдобра актерка и на Оскарите?

Премиерата на филмот е закажана за 5 февруари на „Netflix“.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....