2.8 C
Скопје
18:02 - 22 јануари, 2025

ДА: Серија за животот на легендарниот моден дизајнер Карл Лагерфелд

карл лагерфелд

Стриминг сервисот „Disney +“ објави дека ќе се снима мини-серија „Kaiser Karl“ за легендарниот, загадочен моден дизајнер Карл Лагерфелд.

Серијата ќе има шест епизоди и ќе се снима во Франција. Таа е базирана на истоимената биографија на Рафаел Баке. Како продуцент се потпишува Гуамонт, кој стои зад хит серијата на „Netflix“ насловена „Lupin“. „Kaiser Karl“ ќе се занимава со животот на славниот дизајер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KARL LAGERFELD (@karllagerfeld)

Серијата ја следи потрагата на Лагерфелд да стане наследник на Коко Шанел, но и најуспешниот француски кутиер во времето кога Ив Сен Лоран го достигнал врвот на неговата кариера. Серијата ќе го истакне ривалството помеѓу Лагерфелд и Пјер Берже, партнерот на Ив Сен Лоран, љубовната приказна на Лагерфелд со Жак де Башер и ќе не приближи до луксузните модни куќи од 70-тите години. Исто така, ќе покаже како Лагерфелд го изградил својот уникатен, а понекогаш и контроверзен личен бренд во свет каде изгледот е сè.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KARL LAGERFELD (@karllagerfeld)

„Disney+“ ни даде можност да раскажеме уникатни европски приказни на глобалната публика. Имаме неверојатно разновидна и возбудлива европска листа, а „Kaiser Karl“ е показател за тоа какви приказни сакаме да раскажуваме. Исто така, сметавме дека на приказната на Лагерфелд досега не ѝ е дадена важност каква што заслужува и едвај чекаме да ја споделиме со публиката“, истакна Јан Копен, претседател на компанијата „The Walt Disney EМЕА“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KARL LAGERFELD (@karllagerfeld)

Полин Довин, потпретседател за програмирање и оригинална продукција, компанијата „The Walt Disney“ во Франција додаде: „Веднаш не заведе идејата да ја адаптираме биографијата на Баке, што ќе ја означи првата соработка помеѓу „Disney“ и Гаумонт во оригинална француска серија. Серијата ќе го прикаже единствениот момент на трансформација во модната индустрија во Франција во 70-тите години, олицетворена со иконата на повеќе метаморфози, Карл Лагерфелд“.

Деталите за кастингот, вклучувајќи кој ќе го игра Карл Лагерфелд, се очекува да бидат објавени во наредните месеци.

Слични објави

Лепа Лукиќ се огласи откако дозна дека е на списокот на забранети пејачи: Зошто им пречам?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се враќа во Србија од Америка: Пие вино на аеродром, а на нејзината рака блеска дијамант!

Еспресо

(Фото) Кожено боди, синџири и чипкасти чорапи: Фолкерката Стоја се разголи и ги покажа нејзините облини

Еспресо

(Фото) Едно име е со здебелени букви: Се појави список на пејачи чии песни се забранети да се пуштаат на протестите

Еспресо

(Фото) Ќерката на српската пејачка работи за Трамп, била дури и на инаугурацијата и балот!

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ сака да се омажи со Рале во црква до гробот на патријархот Павле: Тајно го посетила манастирот!

Еспресо
Се вчитува....