9.8 C
Скопје
08:37 - 29 март, 2025

ЦЕЦА ОД ЗАРАБОТКАТА НА ЈУТЈУБ МОЖЕ ДА КУПИ 8 СТАНОВИ: Колку заработува без да мрдне со прст?

Instagram

Светлана Цеца Ражнатовиќ ги сруши сите рекорди кога е во прашање заработката од прегледи на видеа на „Јутјуб“, па од 2012 година до денес заработила доволно за да може да купи осум станови во Белград.

На српската музичка сцена Цеца беше прва на „Јутјуб“ која надмина милион следбеници, што дополнително ѝ ја подигна заработката, па може и да прикачува реклами и на „Јутјуб“. Цеца на годишно ниво инкасира околу 100.000 евра, па заработува и кога се одмара дома, според „Република“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

-Кога се пејачите во прашање, Цеца прва собра милион следбеници. Тоа дополнително влијае на заработката, па заедно со прегледите на годишно ниво зема сериозни пари. На крајот на секоја година, „Јутјуб“ им плаќа на изведувачите бидејќи е полесно отколку да се префрлаат пари секој месец. Цеца во просек има од 10 до 40 милиони прегледи на песните, па затоа и го држи рекордот на нашите простори. Најслушана песна на нејзиниот канал е „Trepni“, која досега има 76 милиони прегледи. Најмногу се слушаат нови албуми, а неодамна тим од администратори закачија стари песни и видеа од гостувања од разни емисии – вели информиран извор и продолжува:

– Секој што ќе влезе во каналот на Цеца може да слуша песни од почетокот на нејзината кариера, па се до последниот албум што таа го сними, а хит е снимка од свадбата на пејачката, која е прегледана повеќе од два милиони пати. Видеото кое е снимено во 1995 година кога Цеца и покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан се венчаа е меѓу најкоментираните видеа.

фото: архива

Фолк ѕвездата од каналот „Јутјуб“ има чиста заработка бидејќи приходите не ги дели со никого, а одредена сума дава само на луѓето кои ги водат нејзините социјални мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

– Цеца не склучила договори со ниту една продукција, за разлика од повеќето забавувачи, па не мора со никого да ги дели приходите. „Јутјуб“ еднаш годишно ја исплаќа платата во целост на неспонзорирани канали. Пејачката поради големата популарност добива дополнителни понуди за работа, па поради големиот број посетители објавува и реклами на својот канал. Досега, Цеца не сакаше јавно да зборува за оваа тема, но во едно интервју само посочи дека бројките зборуваат за работата на секого кога станува збор за публиката на концертите, како и прегледи на песни – завршува анонимниот соговорник.

Слични објави

Хороскоп за 29 март: Лавовите ќе имаат проблем со пари, Девиците ќе потонат во монотонија со партнерот

Еспресо

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

„Ми го земаат телефонот кога пијам“: Наташа Беквалац откри каква е кога ќе претера со алкохолот

Еспресо

(Фото) „Сега да ми се тргнете од патот“: Марија Шерифовиќ ги спакува куферите, отиде на одмор

apostolova
Се вчитува....