17:03 - 9 ноември, 2026

Четврта среќа: Денис Квејд се ожени за 39 години помлада студентка

Холивудскиот актер Денис Квејд (66) веќе зад себе има три неуспешни брака, но сè уште верува во брачна среќа. Холивудскиот актер се венча со младата студентка Лаура.

Квејд во друштво на 27-годишната студентка Лаура Савоиа прв пат беше виден минатата година. Пандемијата на коронавирус не ги спречи да се венчаат.

Profimedia

Како што пренесува магазинот „People“, актерот познат по своите улоги во филмовите „Стапица за родители“ и „Почетник“ се оженил со својата млада избраничка на интимна церемонија на почетокот на јуни, без присуство на семејството и пријателите. Бил доволен и само свештеник.

Венчавката во Санта Барбара се случила спонтано, открил извор близок на парот за списанието. Планирана била голема свадба на Хаваите, но здравствената ситуација во светот го принуди парот на поскромна варијанта.

Денис Квејд зад себе веќе има три пропаднати бракови. Тој беше оженет со актерката Памела Џејн Солс од 1978 до 1983 година, со Мег Рајан од 1991 до 2001 година, а со Кимберли Бафинготн се венча во 2004 година и заедно ги имаат близнаците Зое и Томас (12).

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....