15:29 - 9 ноември, 2026

Бојан Томовиќ ја поддржа Северина: „Поминав низ пекол на српска граница“

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ во неделата беше задржана на српската граница, каде полицијата на Република Србија ја приведе поради нејзините изјави во медиумите, кои локалните власти ги сметаат за контроверзни.

Да потсетиме, по разговорите со надлежните органи ѝ бил дозволен влез во Србија, но таа решила да се врати во Хрватска со порака дека никогаш повеќе нема да оди во Србија додека е „диктаторот на власт“, мислејќи на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Црногорскиот пејач Бојан Томовиќ тврди неодамна му се случила слична ситуација на граничниот премин кога сакал од Србија да влезе во Хрватска. За „Нова“ тој опиша што доживеал , а потоа јавно ја поддржа Северина.

„Јас го доживеав истото пред неколку месеци на граничниот премин Бездан, на српска страна, само што српскиот полицаец ми ги фрли сите лекови иако покажав лекарски извештај. Да му фрлаш лек на болен е срамота. Подоцна, преку еден заеднички пријател од Сомбор, дознав дека приватно сум му бил антипатичен на тој полицаец и дека ми го направи тоа само затоа што можеше. Инаку, во колата беше и мојот брат со сопругата и двегодишното дете, одевме приватно за Осиек, но и ним им беше скратено патувањето затоа што ме малтретираше еден час само затоа што можеше“, рече Томовиќ.

„Затоа ја поддржувам Северина и сите што трпат полициска тортура, срамота е. Јас сум болен и треба да пијам лекови до крајот на мојот живот. Тоа беше на граничниот премин Бездан од српска страна, Хрватите ме пуштија и најнормално ме поздравија, а овие диктатори ме малтретираа цел час. Ме соблекоа скоро гол, ми останаа само гаќите и покрај тоа што им го покажав лекарскиот извештај. Затоа сакам да се објави вистината. Во спротивно, бев предупреден ‘добронамерно’ да не случајно го давам ова на медиумите бидејќи можев да имам проблеми секогаш кога ќе одам кај семејството во Сомбор со дотичниот полицаец“, изјави Томовиќ за „Нова“.

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....