16:10 - 31 март, 2026

Беше ѕвезда во Југославија, а сега живее со пензија од 17.000 денари: Маја Оџаклиевска за грижата за внукот!

Пејачката со раскошен глас, Маја Оџаклиевска, беше една од најистакнатите пејачки во екс Југославија.

Нејзините песни сите ги очекуваа со голема возбуда, а нејзините плочи беа едни од најпродаваните.

Сепак, Маја се одлучи да се повлече од јавната сцена пред скоро две децении, а во моментов е преокупирана со грижа околу внукот Лука со кого живее, а на кого во 2013 година му дијагностицираа аутизам.

– Првите три месеци беа најтешки. Се одвои од родителите, а тоа се манифестираше со самоповредување. Тоа е типично за аутустичните деца. Кога сфати дека јас сум некој кој го сака безусловно, се промени. Грижата за Лука е поделена со мојата ќерка, само што јас сфаќам дека тој има проблем, а ќерка ми малку потешко го прифаќа тоа, откри Маја.

Пејачката своевремено призна и дека веќе некое време живее од пензијата која изнесува 33 илјади српски динари, односно 17.200 македонски денари.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....