19:15 - 27 ноември, 2026

Бекута им одржа лекција на колегите: Можеби ќе останеме без пари, но настапите не се повредни од ниту еден живот!

Instagram

Бекута им одржа лекција на колегите: Можеби ќе останеме без пари, но настапите не се повредни од ниту еден живот!

Популарната пејачка Ана Бекута го сподели своето мислење за моменталната ситуација во која се наоѓаат музичарите поради пандемијата на коронавирусот и ги воодушеви сите со својата објава.

Бекута истакна дека не работи, но дека, за разлика од некои колеги, не се жали дека таа и некои пејачи може да останат без пари, но дека ниту еден настап или кариера не вреди колку човечки живот.

Instagram
Instagram

– Ме растажува кога моите претходни пораки во јавноста се толкуваат како лелекање затоа што не работам. Не лелекам бидејќи и јас не работам во овој период. Која сум јас да плачам, жива и здрава, покрај илјадниците пациенти кои овие денови се борат за живот? – напиша Ана.

– Која сум јас да се жалам покрај нашите лекари кои неуморно работат со часови и часови прекувремено секој ден и го ризикуваат своето здравје и живот за лоши плати. Зад себе имам 35 години кариера и цел живот. Имаше добри и лоши денови. Среќна сум што заработив за живот со тоа што го сакам најмногу – пеењето – напиша пејачката на Инстаграм.

– Затоа е страшно да ги гледаме и слушаме колегите од земјава и регионот кои поддржуваат повторно отворање на клубови за да можеме повторно да пееме. Дали сте нормални? Ниту еден човечки живот не вреди за нечии перформанси, ниту нечија кариера. Ниту еден човечки живот – додаде Бекута.

– Сите зла завршија, а ќе му дојде крајот и на ова. Да, веројатно ќе останеме без пари. Работите што биле секојдневие, веројатно ќе станат луксуз за нас. Можеби сите ќе почувствуваме како е да се протега мала сума пари од први до први – напиша таа. – Можеби тогаш ќе разбереме како живее просечен лекар во Србија. Чувајте се. Важно е да преживееме и  повторно да има радост и живот. Ќе помине ова. Пак ќе пееме! – рече Бекута.

Слични објави

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.
Се вчитува....