06:53 - 5 ноември, 2026

(Фото) Актерот од „Белиот лотос“ се затекнал во Белград на протестите: „Инспиративни се“

Актерот Волтон Гогинс, ѕвездата на популарната серија на Ејџ-би-о – „Белиот лотос“ (The White Lotus), овие денови престојува во Белград – и очигледно се забавува одлично. На Инстаграм објави низа фотографии од српската престолнина: селфи од улица, фотографија од ресторан, моменти со жива музика и вечерната атмосфера, која, судејќи според неговата насмевка, целосно го освоила.

Но, под неговите фотографии се појави и коментар кој привлече внимание. Еден корисник му напишал: „Одлично е што те гледам во Белград! Студентите овде се залагаат за вистината и правдата, добро би им дошол збор за поддршка од легенда како тебе!“

 


Гогинс на тоа брзо одговорил и собрал повеќе од 400 лајкови: „Тие протести вчера беа неверојатни! Инспиративни. Многу луѓе што ги запознав откако сум тука беа таму.“

Со ова, американскиот актер, можеби и несвесно, ги поддржа белградските студенти кои во последните денови излегуваат на улиците, барајќи промени и поправедно општество.

Волтон Гогинс (52) е американски актер со импресивна кариера што трае повеќе од три децении. Публиката го памети по улогата на Шејн Вендрел во култната серија „Штитот“ (The Shield), а подоцна и како Бојд Краудер во наградуваната серија „Оправдано“ (Justified). Соработувал со режисери како Квентин Тарантино, глумејќи во филмовите „Џанго разуздениот“ (Django Unchained) и „Омразените осум“ (The Hateful Eight).

Во новата, трета сезона од хит серијата на Ејџ-би-о „Белиот лотос“, Гогинс го толкува ликот на Кенет, еден од новите гости во луксузниот одморалиште во Тајланд, каде што се одвива дејството на серијата. Неговиот лик е опишан како шармантен, но морално сомнителен човек – типичен гостин на „белиот лотос“ кој под површината крие многу повеќе отколку што покажува.

 

 

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....