23:12 - 6 ноември, 2026

(Фото+видео) Цеца се соблече во бикини во Шпанија: Ужива во базенот, опкружена со луксуз, сето тоа под знакот на „Долче и Габана“

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ ги спакува куферите и, по работниот период, замина на заслужен одмор во топлата Шпанија. Таа веќе четири дена е во посета на својата ќерка Анастасија и зетот Немања Гудеља кои живеат во Севиља, поради неговите спортски активности.

Цеца сега на својот инстаграм-профил сподели моменти од релаксација, а посебно внимание привлекоа снимките од ексклузивниот бар „ДиГ“ во Марбеља.

Додека се забавуваше во базенот опкружена со палми што се нишаа на ветерот, во позадина можеше да се види луксузен амбиент со тенди и лежалки во препознатливиот дезен на познатиот италијански моден бренд што зрачи со луксуз.

Инаку, Цеца неодамна откри дека тежи 54 килограми и веднаш почнаа да се нижат коментари нејзиниот изглед.

Пејачката неодамна сподели видео на својот инстаграм-профил од еден луксузен ресторан, каде што држи голема насмевка на лицето и наздравува со чаша в рака.

Во елегантна бела маица и со модерни диоптерски очила, пејачката ја покажала и богатата трпеза, а во преден план беше врвен специјалитет од риба. Со краток и јасен натпис „Конечно“, Цеца им даде до знаење на своите следбеници колку ѝ е потребен овој одмор со семејството.

Видеото веднаш привлече големо внимание од јавноста, а обожавателите се воодушевени што ја гледаат Цеца толку опуштена, насмеана и во полн сјај во текот на летните денови.

Да потсетиме дека Цеца неодамна во емисијата „Цеца шоу“ се осврна на својот однос со зетот Немања Гудељ.

– Не знам, не сум баш посесивна, затоа постојано ги задевам колешките на тој начин. Претпоставувам затоа што никогаш не сум била таква. Никогаш не сум била луда свекрва и мојот зет да има фобија од мене. Мојот зет ме обожава. Да се мешам и да им забележувам и да имам свој став и мислење за сè и сешто или нешто слично за снаата… Не сум таков тип, имам свој живот и ги пуштив моите деца да си го живеат животот затоа што нивниот живот им припаѓа ним – откри Цеца Ражнатовиќ во својата емисија.

 

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....