32.8 C
Скопје
18:04 - 8 септември, 2026

(Фото) Студентите на протестите во Србија ѝ посветија транспарент на Северина, цитирајќи стих од нејзиниот голем хит

Северина на својот инстаграм профил сподели фотографии од протестен митинг во Србија, каде учесниците носеа транспарент со нејзината илустрација.

Студентите во Србија кои изминативе неколку месеци ги блокираа своите факултети, деновиве повикаа на генерален штрајк, а по тој повод огромен број граѓани се одзваа на нивниот протестен марш вчера.

Покрај многу енергија и одлучност, тие со себе понеле и транспаренти, кои како и секогаш биле многу креативни.

Еден транспарент на протестот во Зрењанин ја воодушевил хрватската пејачка Северина Вучковиќ. Имено, еден од учесниците на постерот напишал „Севе е со тебе“ и додал цртеж од пејачката.

Заедно со тој постер, се појавил уште еден транспарент со натпис „Бидејќи тревата сè уште не никна таму каде што застана твојата потпетица“ (Jer još trava nije nikla tamo gdje je stala tvoja štikla) – инаку, парафразиран текст од нејзиниот хит „Моја штикла“, а на кој се гледа како пејачката гази на сендвич со својата потпетица.

Северина ги споделила транспарентите на својот инстаграм-профил.

Севе од самиот почеток ги поддржува белградските студенти во нивните блокади против власта.

„Благодарам за сè, држете се, чувајте се. И сигурно ќе дојдам што е можно побрзо, се надевам. А и вие знаете дека ќе дојдам. Ве сака Севе“, неодамна им испратила дури и видеопорака. Северина им ја посветила и песната „Тако ти е сине мој“, а тие ја посетија во Сараево кога настапи на дочекот на Новата година.

Слични објави

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.
Се вчитува....