34.8 C
Скопје
15:50 - 2 септември, 2026

(Фото) Емина Јаховиќ го покажа рамниот стомак, сите ѝ порачаа дека никогаш не изгледала подобро

Пејачката Емина Јаховиќ повторно успеа да привлече огромно внимание на социјалните мрежи, а нејзините најнови фотографии предизвикаа вистинска лавина од коментари.

Пејачката позирала пред огледало во модерна комбинација која ја истакна нејзината вита фигура, а многумина останаа без зборови кога видоа колку беспрекорно изгледа.

 

На фотографијата, Емина носи атрактивен топ кој го открива нејзиниот рамен стомак, додека модната комбинација ја надополнила со широки панталони со светки.

Опуштениот стил, беспрекорниот изглед и широката насмевка биле доволни за следбениците да ја затрупаат објавата со комплименти, при што многумина се согласиле дека пејачката изгледа помладо од кога било.

Емина со години се смета за една од најнегуваните дами од јавната сцена, а познато е дека внимава на исхраната, тренинзите и здравиот начин на живот.

Иако деловно е многу активна, таа не крие дека семејство ѝ е на прво место.

Од бракот со турскиот пејач Мустафа Сандал доби два сина, Јаман и Јавуз, на кои им е максимално посветена.

Додека нејзиниот поранешен сопруг неодамна јавно ѝ ја честиташе годишнината од бракот на својата избраничка и го привлече вниманието на медиумите, Емина е фокусирана на своите деловни проекти и уживање во животот. Пејачката неодамна претстави и дует со Нучи, кој за кратко време привлече големо внимание од публиката и многумина веќе веруваат дека има потенцијал да стане еден од најголемите хитови на годината.

Судејќи според реакциите на најновите фотографии, Емина не престанува да ја воодушевува публиката, а нејзината енергија, стил и младешки изглед повторно станаа главна тема на социјалните мрежи.

 

 

Слични објави

Рада Манојловиќ проговори за тешкото детство на Милан Станковиќ

E.A.

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ издвоија 50.000 евра за славење на полнолетството на ќерката – еве кој е поканет од познатите

Еспресо

„Се изненадив пријатно“: Блага Петреска се потсети на младоста со фотографија од 1965 година

Еспресо

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо

По долги години Јелена Карлеуша и Гога секулиќ повторно се пријателки

E.A.

Синот на Драгана Мирковиќ не е во добри односи со татко му и воопшто не му се допаѓа животот во Австралија

E.A.
Се вчитува....