16:08 - 23 јули, 2026

Инди проговори за односот со сестра ѝ Едита: „Ме блокираше, се надевам ќе ми дозволи да го видам бебето“

Пејачката Инди Ардиновиќ се појави насмеана и расположена на еден настан, а во разговор со медиумите отворено зборуваше за тешки животни теми.

Таа без задршка проговори за крајот на својата љубовна врска, за нарушениот однос со својата бремена сестра Едита Ардиновиќ, како и за сопствената борба со анксиозноста.

На почетокот од разговорот, Инди откри дека ставила крај на својата врска, истакнувајќи дека верувала оти таа ќе прерасне во нешто посериозно. Сепак, нагласи дека во моментов е посветена на себе и на личниот развој.

Зборувајќи за љубовниот живот и своите очекувања, пејачката изјави:

„Врската на далечина бара период од шест месеци за да се види дали функционира, а потоа и најмалку три месеци партнерите постојано да бидат заедно, во ист град, па дури и во ист дом. За мене љубов не може да постои ако не е постојана и присутна. Понекогаш сум романтична, понекогаш не, но не треба да се бегаме од тоа. Мојот брак траеше 90 дена. Во моментов тренирам, живеам здраво, сама сум и наскоро полнам 40 години. Се радувам на моите идни успеси.“

Таа се осврна и на причините за последното раскинување, истакнувајќи дека и двајцата имале слични очекувања, но односот сепак не се развил во насоката што ја посакувале.

„Мислев дека ќе прерасне во нешто посериозно, а и тој мислеше така. Заедно одевме во таа насока, но каков ти е карактерот, таква ти е и судбината“, рече пејачката.

Најголемо внимание предизвика нејзиниот коментар за семејните односи, особено за сестра ѝ Едита Ардиновиќ, со која моментално не е во контакт бидејќи, како што вели, ја блокирала. И покрај тоа, таа нагласи дека ѝ посакува сè најдобро и дека се радува на нејзината бременост.

„Мојата драга сестра се гордее со тоа. Сè ќе ѝ простам, бидејќи е бремена. Немаме однос, тоа е така. Среќна сум што ќе станам тетка и се надевам дека ќе ми дозволи да го видам бебето. Сепак е човек. Да не бевме сестри, веројатно воопшто немаше да се дружиме“, призна пејачката.

 

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Специјални летни цени за хипербарна терапија

Еспресо

(Фото) Северина ужива во летото со синот Александар: „Со вкус на море, со вкус на сол…“

Еспресо

(Фото) Перо Антиќ и Сања Ристиќ прославија три години љубов: „Среќна годишнина, моја љубов и светлина“

Еспресо

Десингерица искрено за приведувањето во Црна Гора и шишањето на публиката

Е.А.

„Мислев дека ќе биде тромава, а таа носеше високи потпетици“: Цеца откри детали за бременоста на Анастасија

Еспресо

Илчо од „Дупер“: Не сфаќам зошто жените имаат потреба да се сончаат топлес

Еспресо
Се вчитува....