05:45 - 10 ноември, 2026

Андреа Бочели повика на бојкот на мерките против короната

Коментарите на Андреа Бочели на конференцијата одржана во италијанскиот Сенат ги изненадија сите, со оглед на тоа што славниот тенот беше сметан за симбол на национално единство во екот на пандемијата.

Бочели го критикуваше одговорот на италијанската влада на пандемијата на коронавирусот, велејќи дека бил понижен со воведувањето на мерките за карантин.

„Се чувствував понижено и навредено. Не можев да ја напуштам куќата, иако не сторив никакво злосторство“, рече вчера Бочели на конференцијата на која присуствувале членови на опозицијата, вклучувајќи го и лидерот Матео Салвини, кој и самиот го критикуваше одговорот на Владата на пандемијата.

Ројтерс пренесува дека 61-годишниот оперски пејач признал дека ги кршел мерките на карантинот „затоа што сметал дека не е правилно и здраво да остане дома во негови години“.

Бочели верува дека ситуацијата не би можела да биде толку сериозна како што властите ја претставувале, со оглед на тоа што не познава никој кој поради коронавируст бил сместен на одделението за интензивна нега.

Тој, исто така, ги повика граѓаните да одбијат да ги почитуваат правилата кои сè уште се во сила.

„Да одбиеме да го почитуваме ова правило. Ајде да читаме книги, да се движиме, да се запознаваме едни со други, да разговараме“, предложи тој.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....