02:38 - 8 ноември, 2026

Ана Николиќ се огласи по крвавата снимка: Пејачката откри како се чувствува откако беше удрена од девојка!

Популарната српска пејачка Ана Николиќ ги вознемири своите обожаватели откако на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како брише крв што ѝ се слива низ лицето.

Николиќ објасни дека повредите ги добила сосема случајно, кога непозната девојка ненамерно ја удрила во ресторан.

„За сите кои се загрижија… добро сум, на жалост“, напиша пејачката на својот Инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)


На видеото, кое подоцна беше избришано, Ана видно вознемирена раскажува како по ударот ѝ потекла крв што не престанала.

„Ова никогаш не сум го доживеала! Од една мала точка – вака, како да ме заклаа!“, изјави пејачката, додавајќи дека крвавела непрекинато.

Таа откри дека обезбедувањето на ресторанот веднаш реагирало, мислејќи дека станува збор за некаква кавга.

„Се собраа десетмина од обезбедувањето, а сè беше случајност. Девојката се сврте и ме удри баш во тоа место… и крвта почна да шика на сред кафана“, раскажа Ана во видеото.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....