13.8 C
Скопје
16:34 - 17 март, 2026

ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА ХАЛИНА ВО МОМЕНТОТ КОГА БОЛДВИН ЈА РАНИЛ: Нови детали од истрагата

Веста дека актерот Алек Болдвин ја уби директорката на фотографија, Халина Хачинс додека го снимал филмот, со денови ја тресе јавноста, а секојдневно се објавуваат нови детали за истрагата .

Имено, во писменото судско соопштение, објавено во неделата, се наведува дека холивудскиот актер при оваа несреќа вежбал да го извлекува револверот од футролата, по што го вперил кон камерата за време на пробата на сетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)


Изјавата дадена под заклетва дава дополнителни и многу важни детали за овој случај, пренесува Reuters.

Според властите во Санта Фе во судските документи, на Болдвин му бил даден пиштол за сцена и му било кажано дека не е наполнет, односно дека „оружјето е ладно“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)

Џоел изјавил дека Алек седел на клупа на снимањето на сцената во импровизирана црква и дека вежбал вкрстено извлекување пиштол. Џоел рече дека гледал преку рамото на Хачинс, кога слушнал звук сличен на камшик, а потоа и силен истрел, се наведува во соопштението.

Според документот, Хачинс потоа била погодена во пределот на градите.

Џоел тогаш нејасно се сеќава како Хачинс се пожалила на нејзиниот стомак и како таа го фатила за неговиот среден дел. Џоел рекол и дека Хачинс почнала да се тетерави наназад и паднала на земја, се додава во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)


Последнитте зборови на Халина биле дека не ги чувствува нозете, изјавил Рид Расел, снимател кој стоел до неа за време на снимањето.

Сè уште никој не е обвинет за оваа ужасна трагедија, Халина Хачинс го загуби животот, додека режисерот Џоел Суза беше ранет.

 

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА ХАЛИНА ХАЧИНС: Кој му даде полн пиштол на Алек Болдвин со зборовите „оружјето е ладно“?

 

Слични објави

Прељубничката од концертот на „Колдплеј“ откри: „И мојот сопруг беше таму, знаеше дека сме блиски“

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо
Се вчитува....