9.8 C
Скопје
23:04 - 6 октомври, 2026

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА ХАЛИНА ХАЧИНС: Кој му даде полн пиштол на Алек Болдвин со зборовите „оружјето е ладно“?

Нови информации се појавуваат во случајот со смртта на директорката на фотографија Халина Хачинс, која беше убиена од холивудскиот актер Алек Болдвин на филмски сет од пиштол кој требал да биде само филмски рекцизит, а не пиштол со вистински куршуми.

На Болдвин пиштолот му го дал помошникот режисер Дејв Халс. Во медиумите беше објавено дека, според внесеното во судската евиденција, тој не знаел дека во пиштолот има вистинска муниција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)


Пиштолот наводно му бил предаден на Болдвин со зборовите дека „оружјето е ладно“, што во филмскиот жаргон значи дека во него нема муниција.

Сепак, сега се појавуваат нови детали за Халс, кои би можеле да фрлат ново светло на трагедијата.

Според Си -Ен -Ен, членовите на филмските екипи се жалеле на Халс во две претходни филмски продукции, во 2019 година, поради безбедносни проблеми на сетот и поради неговото однесување на сетот. Тоа за Си-Ен-Ен го кажале две лица кои тесно соработувале со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)

Поплаките против помошник-режисерот Дејв Халс вклучуваат непочитување на безбедносните протоколи за употреба на оружје и пиротехнички средства, блокирани излези за пожари и примери на несоодветно сексуално однесување на работното место.

Меги Гол, лиценцирана пиротехничарка која работи на производство на реквизити за филмски сетови, во изјава за Си-Ен-Ен рече дека за време на работата на антологиската серија „Into the Dark“ во 2019 година, Халс занемарил да одржува безбедносни состаноци и не најавил присуство на огнено оружје на филмската екипа на снимањето, што морал да го направи според безбедносните протоколи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NotiWap (@notiwap)


– Единствената причина зошто тимот беше свесен дека оружјето е присутно е тоа што помошникот мајстор за реквизити побара од Дејв да го објави, вели Гол.

Таа додава дека мајсторот за реквизити, кога пиштолот бил потребен за пукање, редовно го објавувал, како и дали се работи за пластична или гумена реплика. Според неа, мајсторот на реквизитите често го предупредувал Халс дека не ги враќа реквизитите, вклучително и оружјето и дека не дава безбедносни најави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stuart Simone (@stusimonerealestate)


Гол опишува и ситуација кога на лиценциран пиротехничар на сетот му била потребна итна медицинска интервенција, а Халс си продолжил со снимањето.

Холс не одговори на прашањето на Си-Ен-Ен околу наведените обвинувањата против него.

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....