5.8 C
Скопје
07:30 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) Оваа снимка го обиколи светот: Жена од Индија си го ризикува животот за да најде вода

Вирално видео кое прикажува жена како се спушта  на ѕидот на бунар за да стигне до водата, истакна акутен проблем, а тоа е недостигот во неколку области на централната индиска држава Мадја Прадеш.

На видеото се гледа како жена се спушта во бунар без јаже или појас за да стигне до водата, јавува Би-Би-Си.

Луѓето во селото Гусија беа принудени на вакви екстремни мерки откако секнаа бунарите и езерцата.

Неколку други области низ Индија се соочуваат со слична криза со недостиг на вода.

Видеата на кои се гледа како Индијците ги ризикуваат своите животи за да добијат вода често стануваат вирални.


Во април, слично видео покажа жена како слегува во бунар во државата Махараштра за да земе вода.

Во Мадја Прадеш, недостигот на вода е проблем кој се повторува секое лето.

Државната влада вети дека ќе го снабдува секое село со вода од чешма до 2024 година.

Но, водата за пиење сè уште е недостапна за милиони луѓе.

Во Гусија, гневните селани рекоа дека ќе ги бојкотираат локалните избори оваа година во знак на протест против владата.

– Мора да се спуштиме до бунарот да собереме вода. Има три бунари (овде), сите речиси пресушија. Ниту една рачна пумпа нема вода, изјави една жена за новинската агенција АНИ.

 

-Владините и политичките лидери доаѓаат (овде) само за време на избори. Овој пат решивме да не гласаме додека немаме соодветно водоснабдување, рече таа.

 

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....