-0.2 C
Скопје
01:01 - 19 јануари, 2025

(ВИДЕО) Блогерката САРА е ЖРТВА НА СЕКСИЗАМ од страна на ГИНЕКОЛОГ: Го замолив да ме стерилизира, но тој ме одби само затоа што не бев во брак!

Блогерката Сара Џо Баскин неодамна споделила видео на социјалната мрежа „ТикТок“ во кое зборува за своето трауматско искуство со гинеколог по нејзината втора бременост.

На популарната социјална мрежа многу девојки и жени самоиницијативно споделувале непријатните ситуации и сексистички изјави кои лично ги доживеале во текот на нивните животи.

Искуството на Сања многу брзо станало „вирално“, а речиси милион и пол луѓе започнале да ја следат на социјалната мрежа по нејзиното споделено искуство. Сара исто така истакнала дека се сè случило пред 10 години, кога била помлада и понесовесна и дека денес, со оваа мудрост и зрелост, ќе го пријавела гинекологот, пренесува The Sun“.

 

„Имав 27 години и само што го родив моето второ дете кога го прашав гинекологот што мисли за женска стерилизација, односно лигатура на јајцеводите како метод на контрацепција“, ја започнала својата приказна сега веќе 37-годишната жена, додавајќи дека сериозно размислувала на таа тема бидејќи за малку ќе умрела при второто породување.

Гинекологот и одговорил дека нема да го стори тоа што Сара го побарала од него само затоа што Сара не била во брак.

Сара го прашала зошто е тоа важно кога таа е полнолетна, а со тоа и одговорна за своето здравје и живот, на што гинекологот и објаснил дека „одлуката за стерилизација може да ја донесат само брачна двојка, жена и маж, а не само жената“.

Нејзината приказна предизвикала огромно разочарување од корисниците на социјалната мрежа „ТикТок“, а голем број жени се прашувале дали истото ќе го кажат на некој маж на иста возраст.

Сара одговорила и на коментарите на оние кои на некој начин ја поддржале контроверзната изјава на докторот, истакнувајќи дека тој очигледно бил во право затоа што денес „благодарение на него“ таа има три деца.

„Тогаш бев зрела за таква одлука затоа што јас и мојот син за малку ќе умревме при породувањето и мислам дека мојата одлука да имам уште едно дете, осум години подоцна нема никаква врска со неговото одбивање да спроведе законска и нормална постапка, само затоа што не бев во брак“, објаснила таа.

На крајот, Сара додала дека со оваа приказна само сакала да покаже дека секоја жена има право да донесе своја одлука за своето тело, дури и истата да е погрешна.

Слични објави

(Фото) Северина ужива на Малдивите во фустан од 2800 евра

Еспресо

Поранешниот дечко на Цеца стана татко: „Нема поголема среќа од тоа што добив син!“

Еспресо

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova
Се вчитува....