7.8 C
Скопје
22:23 - 25 април, 2024

ВИДЕО: 9 најлоши филмски остварувања со божиќна тематика

Празничните денови изобилуваат со празнично расположение, па затоа и понудата на телевизиите е соодветна.

Но, секој филм што е со божиќна или новогодишна тематика, не значи и дека е добар за гледање. Затоа ви ја нудиме листата на најлоши филмови.

Страницата „Речиси познати“ ни понуди листа со 10 најлоши филмски остварувања со божиќна тематика. Листата е составена врз основа на нивниот рејтинг на ИМДБ и „Ротен томатос“.

9. „Божик со Кранк“

Лутер и Нора решаваат една година да не го прославуваат Божиќ, да заборават на украсувањето, на колачите и на божиќните забави и да одат на крстосување на Карибите. Нивните соседи се шокирани од оваа идеја, а работите се влошуваат кога тие нема да го стават дури ни светлечкиот Снешко на покривот, украс со кој години наназад улицата Хемлок освојувала награди.

8. „Дек холс“

Стив, татко од предградието и љубител на Божиќ, се соочува со неочекувани проблеми со доаѓањето на неговиот нов сосед Дени. Имено, Дени планира да ја осветли својата куќа со доволно светилки за да може да ја види вселената. Секако, Стив му објавува војна на Дени.

7. „Преживувајќи го Божик“

Богатиот извршен директор Дру Латам нема роднини и пријатели и станува носталгичен за неговиот дом од детството кога се наближува Божиќ. Кога ќе ја посети својата стара куќа и ќе најде друго семејство што живее таму, им нуди на сопствениците голема сума за да се преправаат дека се негови родители. Но, кога ќе се појави нивната ќерка Алисија, работите се комплицираат.

6. „Дедо Мраз со мускули“

Амнезијата прави еден човек да мисли дека е Дедо Мраз. Приказната се комплицира кога ќе одлучи да се појави во локално сиропиталиште.

5. „Среќен проклет Божик“

Бојд е принуден да го помине Божиќ во домот на неговите родители и мора да тргне на пат со својот ексцентричен татко за да набави подароци за својот син пред божиќното утро.

4. „Оревокршник“

Божиќ е досаден во Виена за 9-годишната Мери. Но, нејзиниот сакан вујко ѝ дава сосема необичен подарок: магичен орев.

3. „Дедо Мраз ги освојува Марсовците“

Владетелот на Марс е вознемирен што децата од Марс се мрзливи и под силно влијание од поп-културата од Земјата. Тие се опседнати со телевизиски програми и не сакаат да работат. Во обид децата повторно да се развеселат, Кимар организира киднапирање на Дедо Мраз, со надеж дека веселиот стар произведувач на играчки ќе може да ги развесели.

2. „Дедо Мраз“

Волшебникот Мерлин му помага на Дедо Мраз да ги спаси децата што имаат тенденција да станат лоши.

1. „Спасувајќи го Божик“

Годишната божиќна забава на сестрата на Кирк наскоро ќе ја уништи Кристијан. Филмот што излезе во 2014 година е рекордер, а неговата оцена е само 1,4.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....