10.8 C
Скопје
21:57 - 26 април, 2024

Валентина Терешкова: Од шивачка до космонаут, чудесниот живот на првата жена во вселената

На 16 јуни 1963 година, Валентина Терешкова на 26-годишна возраст станала прва жена која летнала во вселената и успешно ја извршила својата мисија – ја обиколила Земјата 48 пати поминувајќи во вселената три дена.

Валентина Терешкова е родена во Русија, во регионот Јарослав, на 6 март 1937 година. Татко ѝ бил земјоделец, а мајка ѝ текстилна работничка. Валентина била второ од трите деца, на училиште тргнала на осумгодишна возраст, а го напуштила на 16-годишна возраст за да почне да работи и да придонесе на семејниот приход. Татко ѝ починал за време на Втората светска војна и младата Валентина морала да се справи со тешкиот предизвик за преживување. Работела во фабрика за производство на гуми, а потоа во фабрика за текстил каде што работеле и нејзината мајка и сестра – седум години била и шивачка и пеглачка, но истовремено посетувала и вонредно средно училиште.

Од млада покажувала страст кон авантурите, особено кон падобранството, била обожавателка на Гагарин, првиот човек што летнал во веселаната, но една од нејзините страсти биле и моторите и спортските автомобили. За оваа страст доволно зборува фактот што во 1967 година, откако веќе била славна, побарала да ја посети фабриката „Алфа Ромео“ во Торино, Италија, каде што го возела најбрзиот модел достапен за тестирање специјално за неа.

Во 1957 г. се приклучила на комунистичкиот младински сојуз, Комсомол, а од 1959 г. почнала активно да се занимава со падобранство во локалниот клуб во Јарослав, и извела дури 90 скокови.

По првите успешни летови на советските космонаути, предводени од Јуриј Гагарин, водечкиот советски ракетен инженер и дизајнер на вселенски летала Сергеј Корољов, изразил желба да лансира жена-космонаут во вселената. На почетокот на 1962 г., започнала потрагата по кандидатки, а критериумите биле потенцијалната жена космонаут да е искусна во падобранство, да не е постара од 30 години, да е висока до 170 сантиметри и да е тешка до 70 килограми. Од стотиците пријавени кандидатки во тесна конкуренција биле избрани пет жени, меѓу кои и текстилната работничка Валентина Терешкова, и сите биле примени во вториот одред за космонаути каде се вршела обука. Во ноември 1962 г. ги завршила сите испити со највисоки оценки, а од први декември истата година станала космонаут на првиот одред на првата дивизија. Една година подоцна, непосредно пред летот во вселената, Терешкова веќе била космонаут инструктор во највисокиот, првиот одред.

Кога се одлучило дека „Восток 5“ ќе носи само една жена во вселената, изборот паднал на Валентина, додека следниот лет „Восток 6“ предвидувал уште две жени космонаутки. И така, на 16 јуни 1963 г., Валентина Терешкова на 26-годишна возраст станала прва жена која летнала во вселената под кодното име Чајка (галебица) и успешно ја извршила својата мисија – ја обиколила Земјата 48 пати поминувајќи во вселената речиси цели три дена. Истата година се омажила за астронаутот и космонаут Андријан Николаев, а една година подоцна ја добиле ќерката Елена – прва личност во светот на која ѝ двата родитела летале во вселената. Елена Николаева станала лекар, а нејзините родители се развеле во 1980 година. Во 1982 г. Валентина се премажила за Јули Шапошников, бракот траел 17 години, сè до смртта на Јули и оттогаш немала партнери. Во меѓувреме, станала инженер космонаут и професорка на аеронаутичката академија. Се пензионирала во 1997 година, но амбициите не ѝ се намалиле. Кога по повод нејзиниот 70. роденден имала прием кај претседателот Владимир Путин, му рекла дека сака да одлета на Марс, па макар и еднонасочно.
Инаку, во 1963 г. на Терешкова ѝ била посветена поштенска марка, а подоцна и линија на фотоапарати и камери.

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....