-0.2 C
Скопје
18:20 - 22 декември, 2024

Три работи кои ќе се променат во врската по неверството

Без разлика колку сте вљубени, ако еден од вас го изневери другиот, доколку се уште останете заедно, врската ќе помине низ некои промени. Луѓето најчесто изневеруваат бидејќи не им се исполнети потребите. Иако се верува дека мажите се оние кои почесто изневеруваат, едно истражување покажало дека и нема некоја разлика во бројките помеѓу половите. Разликата е тоа што жените изневеруваат кога се чувствуваат емоционално запоставени, додека мажите изневеруваат кога се чувствуваат сексуално запоставени.

Иако ретко кој го оправдува неверството, грешки се случуваат. Дали вашата врска ќе преживее по нешто вакво зависи од вас двајцата и од вашата посветеност. Ако сепак се одлучите за уште една шанса, важно е да знаете дека ќе се случат некои промени…

1. Ќе се чувствувате оддалечени еден од друг

Штом вие или вашиот партнер сте направиле одлука да „излезете“ од врската, на изневерената личност ќе ѝ биде потребно време за закрепнување. Очигледно, ова ќе создаде далечина помеѓу вас. Од двајцата партнери зависи дали ќе можат да ја надминат оваа оддалеченост. Голема е веројатноста личноста која е изневерена да се чувствува предадено и да не може целосно да се вклучи во врската. Многу често оваа личност се повлекува. Ако партнерот кој изневерил сака навистина да се надмине проблемот, потребно е да му даде простор на другиот за да ги разгледа своите чувства.

2. Нивото на доверба ќе се промени

Без разлика под кои околности се случило неверството и колку неверниот партнер се обидува да ги исправи работите, изневерувањето целосно ја „убива“ довербата. Иако многумина сметаат дека довербата може да се врати, вистината е дека работите можеби никогаш нема да бидат исти. Неверството е нешто што секогаш ќе биде присутно, а секој кој ја поминал таа линија еднаш, ќе му биде полесно повторно да го направи истото.

3. Вашата самодоверба ќе се зголеми или намали

Чувствата кои ги имате за себе може да бидат под големо влијание од неверството. Во зависност од тоа на која страна се наоѓате, неверството може да ја зголеми или да ја намали вашата самодоверба. Кога некој изневерува, најчесто причината е тоа што се чувствува несакано, па брзиот резултат е зголемена самодоверба поради добиеното внимание. Но оваа самодоверба наскоро ќе биде заменета со вина. Дури и ако неверниот партнер се извинува и сака да „плати“ за своите постапки, изневерениот ќе се чувствува навистина лошо.

Овие промени не значат дека врската нема да успее по неверството. Она што е важно е вие и вашиот партнер правилно да ги согледате проблемите. Разговарајте за вашите чувства и обидете се да го решите проблемот од корен. Продолжете со врската само ако навистина сметате дека го сакате тоа.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....