-3.2 C
Скопје
02:11 - 18 декември, 2025

Суши, пожари, поплави: Ако пред некоја година ги игнориравме климатските промени, денес ги чувствуваме последиците

Граѓаните, здруженијата и организациите да се ангажираат во борбата против климатските промени и градењето на позелена Европа е главната цел на климатскиот пакт како дел од Европскиот зелен план. Тој е замислен како платформа којашто ќе им овозможи на сите да споделуваат информации, да дебатираат, активно да учествуваат во решавање на климатската криза и да се приклучат кон движењето за заштита на климата којашто се повеќе добива на значење во Европа.

– Климатската криза не е проблем со којшто допрва треба да се соочиме. Со своето делување веќе ја променивме климата на Земјата и ги деградиравме поголемиот број екосистеми. Aко пред некоја година кога ќе се споменеа климатските промени никој не реагираше сега ги гледаме резултатите на дело а последиците ги чувствуваме на сопствена кожа. Ефектите од климатските промени воопшто не се наивни: суши, шумски пожари, олуји, поплави и останати екстремни временски услови глобално се во пораст. Веќе ги чувствуваме последиците, а промените ќе бидат уште порадикални, а последиците подраматични доколку веднаш не се намали еколошкиот притисок, велат од Еко-свест.

Комисијата отвори повик за поединци и организации да станат амбасадори на климатскиот пакт кој со личен пример ќе ја мотивираат својата заедница да се ангажира за заштита на климата. Во почетната фаза приоритет се мерките поврзани за четири област кои донесуваат непосредна корист не само за климата и животната средина, туку и за здравјето и благосостојбата на граѓаните: зелени површини, зелена мобилност, енергетски ефикасни згради и зелени вештини.

– Европската комисија уште во 2019-тата го започна Европскиот зелен план за транзиција на ЕУ во праведно, здраво, одржливо и просперитетно општество, како и подобар однос кон природата така што ќе можеме во наследство да оставиме поздрава планета.  Целта е Европскиот климатски пакт да ги обедини сите оние кои сакаат да преземат нешто за доброто на планетата. Со работата на интернет платформите, како и со дијалогот и размената на мислења со граѓаните се поттикнува поврзување на дигиталната и зелена транзиција. Во духот на Европскиот зелен план, Комисијата како институција исто така е посветена на тоа да дава примери и да стане климатски неутрална до 2025-тата година, појаснуваат од Еко-свест.

Еко-свест го спроведува проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region“ финансиран од Европската Унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....