04:33 - 9 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Повторно снег! Проверете кога…

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски утре и во четврток ќе се задржи релативно топло време, но ќе има нешто повеќе облачност и во текот на утрешната вечер, како и во четврток ќе има појава на повремен локален дожд и снег на планините.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

– Веќе во петок, како и за време на викендот и тоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух од север и од североисток, времето ќе биде значително постудено и ќе има услови за локални слаби врнежи претежно од снег. Ќе биде и ветровито, односно ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од североисточен правец. Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД просекот за овој период од годината, и минималните за време на викендот понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава – заклучува Попоски.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....