19:09 - 9 јануари, 2026

СЕКС ПОЗИ И ЗАЧНУВАЊЕ: Како се прават бебиња, а со кои пози се избегнуваат

Има многу митови кога станува збор за сексот, сексуалните пози и зачнувањето, вели д-р Доника Мур, експерт за женско здравје за „WebMD“.

„Една од вообичаените заблуде е дека е најдобро да се има секс постојано, бидејќи колку е поголем бројот на епизоди на сексуален однос, толку е поголема шансата за зачнување“, вели таа. Но, тоа не е вистина. „Кога се обидувате да забремените, подобро е да имате секс секој втор ден околу овулацијата за да му дадете на партнерот шанса да го надополни бројот на сперматозоиди“, вели таа.

ЗА Г-ТОЧКА ЗНАЕМЕ СИТЕ, НО ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА П-ТОЧКА? Инстукции како да ја стимулирате

Иако не постојат научни студии за најдобрите сексуални пози за правење бебиња, мисионерската поза обично се смета за оптимална за зачнување, вели таа.

„Некои луѓе сугерираат дека ставањето перница под колковите и кревањето на нозете после секс може да ја подобри способноста на сперматозоидите да пливаат нагоре“, додава таа.

Се разбира, можете да забремените со сексуален однос во речиси секоја положба, но има одредени пози кои ѝ пркосат на гравитацијата, како што се седењето, стоењето или жената на врвот, кои може да ја обесхрабрат спермата да патува нагоре.

ЧЕТИРИ КОРИСНИ СОВЕТИ: Како со сигурност да „запалите“ жена!

„Исто така, не правете глупави работи како што е туширање после секс, ако се обидувате да забремените“, вели Мур. Со туширањето се менува pH рамнотежата на вагината, а на сперматозоидите им е потребно нивото на алкална киселина да биде повеќе или помалку избалансирано за да може да живее. Дополнително, ако се туширате, ја испуштате цервикалната течност, а оваа течност ѝ дава на спермата полесен и побрз пат до матката и пошироко.

„Постои и мит кој вели дека ако доживеете оргазам, поголема е веројатноста да имате машко дете“, вели таа. „Кој знае дали тоа е вистина, но ако доживеете оргазам, поголема е веројатноста да се забавувате“, вели Мур.

Слични објави

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо

Нов удар кон семејството: Бруклин Бекам им забранил на родителите директен контакт, можат да го бараат преку адвокат

Еспресо
Се вчитува....