2.8 C
Скопје
16:35 - 22 декември, 2024

Зошто не треба да им купувате на децата сè што ќе посакаат?

Навистина е прекрасно чувството кога ќе му подарите нешто на вашето дете, меѓутоа, скапите роденденски забави и патувања, смартфоните и непотребните играчки можат да имаат контра ефект врз детето.

Во продолжение прочитајте неколку причини зошто не треба на децата да им се купува сето она што тие ќе го посакаат:

Претерување

Без разлика дали станува збор за играчки, мобилни телефони, тренинг или курс – не претерувајте бидејќи тоа не е добро за вашето дете. Дајте им простор самите да одлучат што сакаат да прават кога им е здодевно.

Недостаток на дисциплина

Секогаш треба да се трудите да поставите граници со вашето дете за да еден ден биде одговорна личност, а вие да се гордеете со него. Секој родител треба да го научи детето да си ги извршува своите обврски, а не вие да ги извршувате наместо него.

Премногу заштитнички настроени

Доколку премногу им помагате на вашите деца за да ги заштитите, треба да бидете свесни дека со тоа им ја ускратувате можноста да научат нешто сами.

Зошто родителите го прават ова?

Една од најчестите причини за ваквото однесување е чувството на вина. Родителите коишто работат повеќе од 8 часа дневно, сакаат да му се искупат на своето дете и не сакаат да го гледаат да биде тажно. Секако, ова има контра ефект бидејќи родителите мора да работат за да им обезбедат безбедно детство на децата. Во сабота и недела може да го надокнадите времето коешто сте го изгубиле во текот на работната недела.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....