16:11 - 31 март, 2026

Жените открија каков тип на мажи најмногу им се допаѓа!

Тоа се мажите со брада, остри црти на ликот, цврста вилица и широки јаболчници. Истражувачите од Универзитетот во Квинсленд Австралија, скоро илјада жени откриле каков маж им е најпривлечен.

Мажите со изразени црти на ликот и густа брада, на жените им изгледаат физички и друштвено подоминантни, а најмногу од нив токму таквите ги оценија како најпривлечни.

Жените кои преферираат чисто лице без брада, всушност имаат аверзија спрема бактериите, паразитите и нечистотијата, а влакната на лицето им изгледаат нечисти. Всушност, покажувале на жените и фотографии од различни бубачки и паразити, па ги поврзале изјавите за страв или гадење со изборот за изглед на маж.

Исто така, ги испитувале и за ставовите спрема неморалот, изневерувањето, сексот и така натака. Испаднало дека жените кои преферираат мажи со брада, не толерираат неморално однесување. Тоа истражувачите сметаат дека може да се препише на нивната склоност кон традиционалните семејни вредности и погледи на односот маж и жена, кон улогата која мажите ја имаат во семејството.

View this post on Instagram

Happy #bestfriendsday to Ryan Reynolds (not pictured)

A post shared by Jake Gyllenhaal (@jakegyllenhaal) on

Во истражувањето учествувале точно 919 жени на возраст од 18 до 70 години, а секоја прегледала 30 слики од 3 различни мажи. Лицето на секој од нив е фотографирано со полна брада или скроз избричено, па подоцна додадено да изгледа малку феминизирано или мажествено. Секое лице го оценувале со оцените од 0 до 100.

Мнозинството жени, мажот го смета за мажествен доколку има испакната коска каде што му се веѓите, широки коски кај образите, цврста и јака вилица, а и длабоко поставени тесни очи. Кога на тоа ќе се додаде полна брада, тоа е типот кој го прогласиле како најидеален за долга, но и за пократка врска.

View this post on Instagram

Joaquin Phoenix for @variety

A post shared by Joaquin Phoenix (@joaquinphoenixactor) on

Истражувачите сметаат дека овој тип на мажи кај жените потсвесно прави слика на силен и друштвено доминантен маж, а брадата на лицето само го зголемува тој впечаток.

Студијата била објавена во научното списание Royal Society Open Science, пренесува Daily Mail.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....